Ако постои нешто што мажите навистина ги нервира, тоа се долунаведените изјави.
Можеби вистинската причина е што секогаш постои некое вистинско значење на она што го премолчуваме и кое се крие зад она што навистина го кажуваме.
Имате нешто да му кажете? Направете го тоа директно и отворено. Верувајте дека тоа многу повеќе ќе го цени и почитува.
Што кажуваат: Повторно играш игри?
Што мислат: Престани да играш бар една минути и забележи ме!
Што кажуваат: Зашто ти треба цела вечност да ми одговориш?
Што мислат: Сакам да оставиш на страна што и да правиш и внимателно да ме сослушаш!
Што кажуваат: Ма прави што сакаш !
Што мислат: Сакам да направиш она што јас сакам!
Што кажуваат: Повеќе од времето го поминуваш со пријателите отколку со мене!
Што мислат: Сакам да пронајдам повеќе време за мене!
Што кажуваат: Се е ок!
Што мислат: Нормално дека не е ок! Што поскоро да се извиниш!
Што кажуваат: Сеедно ми е!
Што мислат: Не ми е сеедно, само не ти верувам!
Што кажуваат: На ништо не те присилувам!
Што мислат: Но сеедно, очекувам тоа да го направиш!
Што кажуваат: Мислиш дека е згодна ?
Што мислат: Милиш дека е позгодна од мене!
Што кажуваат: Тргни ми се од пред очи и остави ме на мир!
Што мислат: Сакам да ми се извиниш и да ме прегрнеш!
Што кажуваат: Ти одлучи!
Што мислат: Ќе одлучиш за она што јас сакам или не е на арно!
Што кажуваат: Само ти уживај!
Што мислат: Ќе зажалиш подоцна!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.