Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, согледувајќи ги наодите од психијатриското вештачење на состојбата во која се наоѓала и се наоѓа осомничената, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, достави Предлог за определување на мерка – Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа од чл.63 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство – Скопје оформи предмет по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје, во врска со кривично – правниот настан кога мајката го фрли својот шестгодишен син од четврти кат од зграда во населбата Хиподром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.