| четврток, 6 декември 2018 |

Нострадамус: Во 2016 година може да започне Трета светска војна

329700-treta-svetska-vojna-lugjeto-so-chalmi-masovno-kje-se-ubivaat

Во првите шест месеци на 2016 година ќе има многу несреќи, можно е да започне трета светска војна. Тоа е едно од најважните предвидувања за 2016 година на познатиот француски пророк и астролог Нострадамус.

Според Нострадамус државата од која ќе започне војната, ќе биде Иран, а агресијата ќе биде насочена кон Турција. Русија ќе ја игра улогата на главен мировник во овој конфликт и со помош на својот авторитет може да ја запре заканата.

Според Нострадамус во 2016 година на Земјата ќе се роди човек, кој ќе им помогне на сите луѓе да го разберат значењето на животот и да не дозволат светска апокалипса.

Во Русија ќе се појави ново религиозно учење и во блиско време ќе ги побие сите знаења поврзани со јудаизмот, христијанството и исламот. Можно е ова учење да стане религија на целиот свет. Благодарение на него во светот ќе произлезе нова култура.

На Русија францускиот пророк и предвидува просперитет, појава на златен век од 2016 до 2020 година, кој ќе се карактеризира со значителен економски раст и силна позиција на политички план. Ќе има економски пад на Америка.

Според предвидувањата на Нострадамус следната година ќе бидеме сведоци на природни катаклизми. Пророкот пишува дека ќе се појави нова болест, против која нема да има лек. Таа ќе дојде од африканските земји и ќе доведе до смрт на многу луѓе.

Во Африка, во некои делови на континентот ќе има недостиг на вода за пиење, што ќе биде причина за преселувањето на африканските народи на европскиот континент.

Нострадамус споменува и природни несреќи. Силни земјотреси ќе има на територијата на Кина и на Блискиот Исток. Разурнувањата ќе бидат огромни и ќе биде тешко да се обноват штетите. Големи поплави може да се очекуваат во Африка и Јужна Америка, некои делови ќе бидат целосно обземени од вода. За САД предвидува торнадо со страшна сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top