| четврток, 6 декември 2018 |

Домашниот бизнис расте со посредство на странските инвестиции

париКонтинуирано расте бројот на домашните компании кои активно соработуваат со странските директни инвеститори. Во моментов, повеќе од 500 домашни фирми соработуваат со странските инвеститори.

Експертите велат- користа е двострана. За домашните компании соработката значи повеќе работа и развој, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и секако можност за извоз на странски пазари. Странските компании добиваат пониски трошоци за набавка и побрзо време на испорака. Резултатот е раст на економијата и креирање на нови работни места.

-Податоците велат дека некаде околу 500 домашните компании соработуваат со странските инвеститори. Кај нив се шири обемот на работа, на производство, на услуги, а и таму има нови, индиректни вработувања. Се отвора и можност за соработка со домашните образовни институции, како универзитетите, така и средните училишта. Се зајакнува и надворешната трговија, извозот од зоните расте. Воопшто, се зајакнува економијата, се зголемува производството, извозот расте – смета Алек Никовски, советник за странски инвестиции на премиерот Груевски.

Соработката, според познавачите на пазарот, најчесто е во областа на услужните дејности и градежништвото. Странците ги користат услугите, сервисот на домашните компании. Во периодот што следи прогнозите се дека соработката ќе се унапреди, и тоа во поголем дел од секторите во Македонија.

-Имајќи во предвид дека во наредниот период имаме информации и за влез на нови странски инвеститори, може да изразиме еден сериозен оптимизам дека овој тренд кој е позитивен ќе продолжи и во иднина, што ќе биде од важно значење и за општиот економски раст на Македонија, за поддршка на профитабилноста на самите домашни компании, а особено важно за отворање на нови работни места – вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Дека соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании е на доста добро ниво, потврдуваат и стопанствениците.

-Да се воспостави иницијалниот линк во однос на тоа што се им е потребно на домашните инвеститори, дали суровина, дали било која друга услуга или производ кој им е потребен во работата и како македонските компании би одговориле на истото. Клучот е во квалитетот и конкурентноста, а македонските компании во секој случај тоа го имаат – велат од Сојузот на стопански комори.

Повеќе прочитајте на Лидер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top