| четврток, 6 декември 2018 |

Голем успех на Благој Нацоски на светската премиера на операта „Страв“ во Новара (галерија)

„Страв“ е опера од Орацио Шортино работена според либрето од Алберто Матиоли, режија на Симона Маркини, а диригент е Орацио Шортино. Светската премиера на операта се одржа на 4 декември 2015 година во Театар Коча, Новара.

12274498_10207163585202017_1025832401038518969_n

Не е вообичаено во денешно време, како да речеме било пред еден век, да се биде изведувач на опера која само што е напишана, значи да му се даде форма за првпат на историјата на еден лик кој се раѓа и живее во моментот која уметникот застанува на сцената и се крева завесата. До тој момент Алфани беше лик кој постои само во имагинацијата на композиторот, пејач лишен од својот ум, но при првата изведба тој го најавува своето постоење на целата јавност. Се работеше за голема одговорност за мене и истовремено непроценлива возбуда. Во оваа опера се справив со психологијата на еден лик кој е “потопен” во маглата на војната, полн со болка за своите војници кои загинуваат, од почетокот до крајот присутен на сцената, “принуден” на една постојана психолошка тензија и да бидам искрен, без можност ни да се напијам една капка вода во текот на целата претстава. Од вокално-техничка гледна точка пак гласовната линија претставуваше различни видови на тешкотии кои беа во служба на музиката и/или на режијата. Во повеќето улоги во досегашната моја кариера толкував романтични или комични ликови. За првпат се соочив со еден драматичен лик и спротивно на онака како што можеби изгледа, тоа што се случува на сцената не е само глума, неизбежно е да се внесе многу од сопственото животно искуство и од сопствениот карактер, понекогаш дури до тој степен што одредена ситуација на сцената тотално те обзема. Кога се спушти завесата, не ми беше воопшто лесно да ги заборават емоциите, дури и оние физичките, произлезени од изведбата. Следниот ден, па и оној потоа, Полковникот Алфани и трагедијата на бојното поле ја покриваа мојата душа, вели Нацоски.

12314267_10153257307870905_9215222876460240146_o

“…Апсолутен протагонист беше тенорот Благој Нацоски кој ја толкуваше тешката роља на Полковникот Алфани и кој го трансформираше својот глас за да ги долови сите експресивни интенции предвидени од авторот…”, напиша Лука Кјеричи, во „Corriere Musicale“.

12342432_10207163575041763_8788352411956674831_n

-…Сите солисти се покажаа на високо ниво за овој предизвик, и покрај малиот број на проби изведбата беше прецизна и точна. Над сите мораме да ја истакнеме одличната изведба на Благој Нацоски, македонски тенор надарен со пленувачка боја на гласот и перфектна дикција. Сосема навлезен во емоционално комплексната улога на Полковникот Алфани, ни претстави перфектно фокусирана интерпретација, изведувајќи ја со сигурност комплексноста на партитурата…, објави Емануеле Доминиони, „Ape Musicale“.

12346567_10207163580281894_8585996918679585566_n

-… Главен лик е полковникот Алфани, отелотворен од одличниот тенор Благој Нацоски, главен не само поради тоа што е тој кој дава наредби да се оди на бој, туку и затоа што се движи во покомплексен гласовен регистар од оној на неговите колеги: од една страна е крвник, натежнат од празни патриотски причини, но од друга страна е и брат на своите жртви, јаз кој партитурата на Шортино ефикасно ни го укажува: лирско вокализирање во високиот регистар, внатрешни реакции на виолончело соло, хорот на војниците во средината, но пред сè крајниот ефект, кога музиката, угнетена од толку многу ужас, замолчува и бавно згаснува во пијанисимо… , пишува Џорџо Пестели во „La Stampa“.

-…Беше одличен во изведбата и македонскиот тенор Благој Нацоски, вистински протагонист на оваа опера во улогата на командант на воениот бастион…, Паоло Виола, Arcipelago Milano.

-…Тенорот Благој Нацоски го толкува ликот на полковникот Алфани и целата приказна се врти околу него. Негови квалитети се прецизноста во интонацијата, јасноста во артикулацијата и добрите нијанси во динамиката…, смета Лодовико Бускати, Operaclick.

-…Полковникот Алфани е изведен од Благој Нацоски, вешт во изведбата на неговата вокална линија и покрај недостатокот на музичка поддршка во оркестрацијата. Тој е исто така и најсложениот лик и неговата сценска изведба е мошне убедлива…, Диего Рагацо, Corriere di Novara.

Четири дена пред премиерата на „Страв“, Благој имаше самостоен рецитал, прв во Милано, а втор оваа година по оној во Валенсија минатиот септември. Во првиот дел од рециталот го изведе циклусот “Љубовта на поетот” од Роберт Шуман, додека вториот дел беше целосно посветен на композиции од македонската музичка литература. Неодамна Нацоски дебитираше и во Јужна Кореја, изведувајќи три претстави на операта Севилскиот бербер од Росини. Настапи и во нова продукција на операта Дон Џовани во Сасари, како и со Театарот Сан Карло во Неапол во изведбата на Кантата ди Сан Џенаро во Дуомо ди Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top