| четврток, 6 декември 2018 |

Прво минаре со звучници во Шведска

loud-speakers-in-mosqueЏамијата во местото Фитја, во близина на Стокхолм, доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник поставен на минарето, известува МИА од Шведска. Џамијата доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник во траење од три до пет минути во петоците меѓу 12 и 13 часот.

Мнозинството членови на Советот за општествена изградба во општина Ботширка, во која се наоѓа спомената џамија, пред извесно време ја поништија одредбата зацртана во урабанистичкиот план донесен пред изгрдабата на џамијата во 1994 година, дека не би смеело да се практикуваат никакви молитви со звучници од минарето.

Исламското здружение од општината смета дека ова е голема работа за муслиманите во Шведска. Ова е првпат на една џамија во Шведска да ѝ биде дозволено да практикува молитви преку звучници, така што овој случај би можело да биде преседан што ќе се применува на цела Шведска.

Исламското здружение во Ботширка укажува дека дозволата се однесува на кратки повици од минарето, пред петочните молитви, а не петпати дневно, што е нормално во муслимански земји, јави Шведското радио.

Во шведскиот Муслимански совет не веруваат дека оваа дозвола за џамијата во Фитја би можела да предизвика поплава од молби од страна на други џамии во Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top