| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓул: Европската нетолерантност ќе создаде нов холокауст

abdula gjulРасизмот и недостигот од толерантност кон различните култури и религии во Европа ќе доведе до „нов холокауст“, смета турскиот претседател Абдула Ѓул.

– Исламот и имигрантите во Европа ги има со векови. Додека луѓето во Европа на претставниците на различните култури и религии не им пристапат со толерантност, можно е да се случуваат нови убиства, дури и како оние злостроства во Сребреница -рече Ѓул во Анкара на отворањето на меѓународниот симпозиум на тема „Миграцијата, исламот и мултикултурализмот во Европа“.

Ѓул посвети внимание и на зголемувањето на поддршката за политичките партии во Европа, кои тврдат дека имигрантите се главната причина за проблемите, поврзани со безбедноста, невработеноста, криминалот и сиромаштијат во европските земји.

Тој го истакна и значењето на новиот закон за регулирање на имиграцијата и давање засолниште, донесен од турскиот парламент на 4 април. Турскиот претседател го одобри законот на 10 април. ЕУ и повеќе организации за заштита на правата на човекот го поздравија донесувањето на долгоочекуваниот закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top