| четврток, 6 декември 2018 |

Движењето на Путин е резултат на КГБ вежби, а не на Паркинсонова болест

PUT-IN

Чудното движење на рускиот претседател Владимир Путин, при што тој мавта со левата рака, а десната му останува речиси неподвижна, не била знак на Паркинсоновата болест, туку резултат од интензивни тренинзи во КГБ, соопштува „Франс прес“.
Агенцијата го цитира списанието „Бритиш медикал журнал“, кој за божикниот број по традиција се занимава со сериозни истражувања на необични теми.
Во овој случај, тим невролози од Португалија, Италија и Холандија, специјалисти за моторни пречки, го истражуваат одблизу одењето на рускиот претседател, на премиерот Дмитриј Медведев и на уште тројца други високи руски државници.
putin2950715b

– Првата асоцијација која ви текнува е Паркинсонова болест, бидејќи асиметрично размавтување на рацете при одење е еден од најраните нејзини знаци – објаснуваат лекарите кои го разгледувале одењето на руските државници на „Јутјуб“.
Оваа хипотеза брзо била отфрлена, бидејќи не биле констатирани други симптоми за нејзино потврдување. Напротив, била констатирана големата агилност на Владимир Путин, кој има црн појас во џудо. И тука лекарите дошле до претпоставката дека ставот на рускиот претседател бил моделиран во КГБ по интензивни тренинзи по боречки вештини. Тие го крстиле неговиот начин на движење „Движењето на стрелецот“.

За да ја потврдат својата теза, специјалистите го разгледале прирачник за вежбање на вработени на КГБ. Тие морале да ја држат десната рака притисната до градите, за да можат побрзо да го извадат своето оружје и да пукаат во непријателот. Таквото однесување било констатирано и во холивудските вестерн филмови. Каубојците ограничено се размавтувале со десната рака за време на одење, за да може да им биде блиску до футролата.

01122015100456_24022014151330_medvedev

Малку посложен е случајот со премиерот Дмитриј Медведев, кој исто така го има „Движењето на стрелецот“, но без да бил подложен на воени вежби. Научниците претпоставуваат дека шефот на руската влада се здобил со тој начин на одење, имитирајќи го својот шеф Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top