Бурмата на машката рака не одбива, туку напротив, претставува магнет за жените и голем плус во освојувањето, заклучува група од француски сексолози после повеќегодишно истражување.
Постојат повеќе причини поради што може да се дојде до ваков заклучок. Но, број еден причина е тоа што дамите повеќе им веруваат на оженетите мажи и сметаат дека тие се посериозни, позрели и поодговорни.
Меѓутоа, сексолозите тврдат дека втората причина е можеби и клучна, а тоа е фактот дека меѓу припадничките на понежниот пол постои веќна потреба за ривалство од каде произлегува заклучокот дека „забранетото овошје“ се чини дека е повкусно.
Освен тоа, ова истражување вели дека жената што ќе успее да ѝ го преземе партнерот на друга жена има поголема самодоверба и се чувствува помоќно. Сепак, стручните лица не им препорачуваат на дамите да се впуштаат во авантури со оженети мажи, бидејќи постојат шанси од такви врски да останат емоционално скршени.
Истражувањата покажуваат дека сопствениците на бурми се повеќе подложни на лаги отколку слободните мажи, а кон љубовниците се многу безчувствителни за разлика кон сопругите и се во состојба да ги остават без грижа на совест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.