| четврток, 6 декември 2018 |

Сузана Манчиќ: Во чанта секогаш си носам краставица

Suzana mancic 2 (Large)

Во конференциската сала на Скопски саем денеска се одржува првата регионална конференција „Профемина 2015“. Тема на конференцијата е „Женското прашање во фокусот“, и одговара на прашањата кои длабоко ги засегаат жените во нивниот секојдневен живот.

Меѓу бројните гости и говорници на денешниот настан организиран од македонското списание „Убавина и здравје“, зборуваше и специјалната гостинка, српската водителка и ТВ лице Сузана Манчиќ.

Знаеме колку и е тешко на жената, колку од неа се очекува, но во еден момент треба да се каже „Доста“! Бракот е заеднички живот, мажите и децата треба да ни помогнат, да не одменат. Јас сум секогаш за жената и за женската солидарност. Да не си подметнуваме нога, да си подадеме рака затоа што сите знаеме дека животот на жените е тежок, им се обрати на присутните таа.

Suzana mancic (Large)

Отворена и без влакна на јазикот Манчиќ за женските права говореше и пред камерата на „Република.тв“.

Бидејќи важи за една од најодржаните жени во балкананката јавност, водителката открива и дека во чантата секогаш не носи кармин, туку нешто сосема друго.

Имам една мала тајна, а тоа е дека секогаш со себе носам краставица. Сакам секогаш да ми е при рака и да ми ја убие гладта и сметам дека е многу подобра од јаболкото – се смее таа.

Целото интервју со Сузана Манчиќ ќе може да го прочитате во следниот број на неделникот „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top