| четврток, 6 декември 2018 |

Синоќа во Софија публиката два часа го чекаше Енрике Инглезијас, а вредеше ли?

enrike_iglesias_sofia

Синоќа во Софија, во салата „Арена Армеец“, се случи долго очекуваниот концерт на Енрике Инглезиас, како дел од неговата светска турнеја „SEX and LOVE“.
Image_5175080_128

Image_5175081_128

Енрике пристигна во Софија непосредно пред почетокот на шоуто во сала „Арена Армеец“, а едвај еден час пред слетувањето на авионот, беше соопштено кога точно пејачот ќе пристигне во Софија.
Image_5175101_128

Латино американската ѕвезда задоцни повеќе од два часа за почетокот на неговиот втор концерт во бугарската престолнина, со што предизвика бучни свирежи. Но, сепак, кога се појави на сцената публиката ја проголта навредата и гласно го поздрави.
20151215.juhhrgvawt

По два часа доцнење, кога тој се појави на сцената и ја исправи салата на нозе уште на самиот почеток, и се обрати на публиката на бугарски јазик: „Жал ми е што задоцнив“.
Причината за тоа е дека на ѕвездата ѝ била укажана медицинска помош, поради расцепена веѓа. Се претпоставува дека Енрике е повреден во Португалија, каде претходниот ден одржа концерт.
енрике-иглесиас-развълнува-зала-quot

За прв пат во „Арена Армеец“ имаше алтернативна сцена, благодарение на која гледачите во оддалечениот крај на салата успеаја да го видат својот миленик одблизу.
Подготовката на сцената и инсталирањето на целата аудио-визуелна опрема заедно со осветлувањето и се што е потребно за изведувачки ефекти, траеле 36 часа.
enrike-iglesias-na-bylgarski-izvinqvaijte-che-zakysnqh-(snimki)-344672

Мислењата на публиката за концертот на ѕвездата се поделени.
Според некои големото доцнење, беше единствениот минус на оваа вечер, во која ѕвездата направи шоу како по учебник, создавајќи одличен контакт со публиката. Цело време неуморно трчаше по сцената, покажувајќи совршена физичка форма.
Тие, пак, кои го познаваат повеќе, ја познаваат неговата креативност и неговите настапи, сметаат дека неговиот настап бил малодушен. Фановите, кои ги посетувале неговите концерти во Париз и во Барселона, споделија разочарување со зборовите:

0000134752-middle
– Бидејќи ова е Бугарија тој знае дека луѓето ќе бидат задоволни и од минимумот, си дозволи да не е во кондиција и да направи просечно шоу. Во Париз се претстави блескаво, пееше, танцуваше и вриеше од енергија.
– Го гледавме истиот концерт во Барселона, ништо заедничко. Тука дури не успеавме да сфатиме кога излегол на сцената. А таму целосно се раздаде уште од самиот почеток на концертот. Многу, многу лошо.

– Голем срам на концертот на Енрике Иглесијас, два часа задоцнување, се надувал и  не можеше да испее една песна – изјави негова разочарана обожавателка.

0000790_enrique-iglesias-sofia-bulgaria_550

Сепак, салата беше преполна, а стотици обожаватели што сакаа да присуствуваат на концертот, не успеаа да купат карти. Поради огромниот интерес за Енрике, пред неколку дена организаторите најавија и негов втор концерт во соседна Бугарија, на 14 мај 2016 година.

enrike-730x340

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top