| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанскиот суд пресуди, Меси не е виновен

lionel mesi

Аргентискиот фудбалер Лионел Меси е ослободен од обвиненијата за затајување на данок. Шпанскиот суд вчера ги отфрли сите обвиненија од јавното обвинителство на оваа земја против Лионел Меси.
Судот утврдил дека не постојат никакви неправилности во врска со хуманитарните натпревари што ги организираше фондацијата “Лионел Меси”. Пред се, под истрага се најдоа натпревари во периодот од јуни 2012 до јули 2013 година при што Обвинителството се сомневаше дека Меси преку фондацијата перел пари.
Заклучено е дека ништо од тоа не е точно, Аргентинецот е ослободен од обвиненијата, а истрагата против него е запрена. Инаку, Меси претходните години имаше проблем со затајување данок на доход, но плати голема казна за тоа и се спаси од затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top