| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун планира чистка во раководството на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на Конгресот на владејачката Работничка партија на Кореја, што ќе се одржи во мај идната година, планира да изврши промени во државното и партиското реководство на Северна Кореја, се наведува во анализата на јужнокорејскиот владин Институт за национално обединување.

Kim_Jong_Un_Haircut.0.0

Како што јави агенцијата Јонхап, во анлизата објавена денеска, се наведува и дека на Конгресот на владејачката севернокорејска партија, прв по 1980 година, најверојатно ќе бидат разрешени функционерите од „втората генерација“, меѓу кои и партискиот секретар Чое Рјонг-хае, со што ќе се создаде можност за доаѓање на власт на полиитчари од „третата и четвртата револуционерна генерација“.

– Чое, беше еден од најблиските соработници на Ким, но постојат сознанија дека тој по казна е деградиран и испратен на превоспитување од засега нејасни причини, се наведува во анализата,

Институтот проценува дека над 3.000 делегати што ќе присуствуваат на партискиот Конгрес ќе изберат нови лица во раководството, што може да донесе и промена во политиката на Пјонгјанг.

– Конгресот ќе донесе нов состав на администрацијата на Ким Јонг Ун, Тоа всушност е и главна причина поради која Ким Јонг Ун реши да свика Конгрес во 1996 година, сметаат авторите на документот.

Институтот очекува во рамки на претстојните промени, во своето новогодишно обраќање Ким да „и понуди маслиново гранче“ на Јужна Кореја.

Во анализата на Институтот се посочува и дека во текот на 2016 година Северна Кореја најверојатно нема да ги возбонови нуклеарните проби, со што ќе се зголемат шансите за напредок во шестостраните преговори за севернокорејската нуклеарна програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top