Цифрите од свадбениот датум (ден, месец, година) собирајте ги сè додека не добиете едноцифрен број. Потоа откријте го неговото значење.
Број 1 – Совршени романтичари
Со бројот 1 владее Сонцето кое покажува дека во овој брак најважно е меѓусебната доверба и оптимизмот. Изборот на овој датум открива нежен и заљубен пар кој се запознал многу романтично.
Број 2 – Причина за бракот се децата
Месечината е владетел на бројот два, па таму има две можни крајности – или ќе имате огнена прослава или скромна, во кругот на најблиските. Емоционалната зрелост е најважна за успехот на бракот, но добар дел од оние кои се венчани на овој датум го прават тоа само за да имаат деца.
Број 3 – Можен брак од интерес
Јупитер владее со овој број на брак, а тоа укажува дека е совршен датум за брак од материјални интереси. Но, од овој брак не треба да очекувате премногу, единствено што е сигурно се многу деца.
Број 4 – Верност за вечност
Сатурн е владетел со овој број, а таквите парови добро размислиле за сите одговорности и на крајот се одлучиле за. Судбоносно споени парови кои секогаш ќе соработуваат за заеднички успеси обично го избираат овој број.
Број 5 – Важна е комуникацијата со партнерот
Меркур е владетел на овој брак, па не е ни важно што се истакнува потребата за квалитетна комуникација со партнерот, која е основа на овој брак. Нема досада, секогаш нешто се случува, а правите примери за овој тип на брак се оние кои се венчале многу млади.
Број 6 – Бракот е најважен во животот
Венера е одговорна за овие бракови во кои очигледно настанува и опстанува исклучиво љубов, нежност, среќа и мир. Партнерите во овој брак се секогаш верни бидејќи таа заедница им е најважната што некогаш ја имале.
Број 7 – Промените на плановите се неопходни
Непредвидливиот Уран е одговорен за бракот кој може да биде погрешен и не секогаш мудар, бидејќи двајцата партнери сакаат доста лична слобода, така што изненадувањата не се реткост. Промените се единствена константа во овие бракови.
Број 8 – Брачната среќа лежи во сексот
Сложноста на овие брачни партнери ја води Марс, па не е ни чудо што добар дел од среќата е зависна од сексот. Партнерите се разбираат со еден поглед, така што се врзани од првата средба. Затоа, ќе се согласуваат во секој сегмент од секојдневниот живот.
Број 9 – Љубовта ги надвладува препреките
Нептун владее со овој број што од самиот почеток укажува на тешка и комплицирана врска, во однос на другите кон овој пар, која и покрај тоа успева. Кога бракот се склопува на ваков датум станува судбоносен и повеќе нема разделување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.