| четврток, 6 декември 2018 |

Снаа ја малтретирала и ја тепала свекрвата – семејна драма во Тетово

тепаСедумдесет и седумгодишната тетовка Б.Б. вчера пријавила дека подолго време психички и физички била малтретирана од нејзината 42-годишна снаа, Ц.Б., со која живеела во заеднички стан.

На 10 овој месец во попладневните часови, Ц.Б. физички ја нападнала, удирајќи ја со тупаници по  главата и по телото, нанесувајќи ѝ видливи повреди.

Од СВР Тетово информираат дека Ц.Б. набрзо е повикана, разговарано е со неа и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top