| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен тендерот за осигурување на Македонска пошта

Денес АД Македонска пошта го објави тендерот за осигурување на Поштата. Тендерот, како што е наведено на сајтот за Јавни набавки има статус на отворена постапка.

Тендерот ќе биде ретроактивен, односно ќе важи од 1 јануари годинава, како што после пожарот најави Рафиз Алити, директорот на Македонски Пошти. Тоа значи дека победникот на тендерот ќе мора да ги покрие и штетите од пожарот.

Како ова ќе биде изведено се уште не се знае, затоа што се уште не е направена проценка на штетата од пожарот, а тендерот што денес е распишан се затвора за две недели, однсоно на 7 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top