Физичката активност е многу важен фактор за вашето здравје бидејќи го забрзува метаболизмот, го поправа расположението, го зајакнува имунитетот и помага за губење на килограми. Ако сакате да направите мала, но значајна промена во животот, испробајте го овој едноставен трик со одење со помош на кој ќе потрошите повеќе калории.
Иако сме свесни дека телесната вежба е многу важен дел во нашиот живот, со самото спомнување на вежбањето и потењето многумина ќе најдат причиназа да ја заобиколат оваа тема.
Но, благодарение на оваа едноставна навика, физичката активност повеќе не мора да биде забранета тема. Станува збор за малку поинаков вид на одење, кое без никви одрекувања може да стане дел од вашата секојдневна рутина.
Благодарение на овој едноставен трик, одењето може да стане уште помоќно оружје против вишокот килограми. Имено, истражувањата покажале како со промената на брзината на движењето, односно со комбинирање на одење со забрзуавања и забавување, се зголемува потрошувачката на вупната енергија за 10%.
Ваквиот начин на одење експертите го споредуваат со сопирачката на автомобилот, кој при нагло забрзување па застанување троши многу повеќе енергија, односно гориво.
Еднаков ефект има и промената на тежината во текот на одењето која може да биде одличен сојузник на слабеењето и може да придонесе во потрошувачката на калории.
Како со одење да потрошите два пати повеќе калории?
– Во текот на одењето на секоја половина минута до минута забрзајте го темпото, а кога ќе почувствувате напор забавете, па потоа одново забрзајте го чекорот.
– Во текот на одењето можете да потсконувате или неколку пати да се качите и сименете од работ на плочникот.
– Ставете на грбот ранец и наполнете го со нешто за да добие на тежина.
– Околу глуждовите ставете тегови за вежбање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.