| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Ќе победиме и на овие избори, затоа што Никола Груевски и народот се со нас

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе победи поради две работи: прво премиерот Никола Груевски е со нас и второ народот е со нас, подвлече вечерва министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски за време на трибината во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ , која денеска се одржа во Велес.

misajlovski-veles-640x425

Министерот Владо Мисајловски на трибината најави дека во населбата Превалец, возот кој се сообраќа на линија Битола- Скопје ќе застанува во ова населено место, каде што живеат 1200 жители.

Ова е од големо значење на жителите од ова место, каде што до најблиската станица им беше над 3 км.

Во својот говор, пред велешани, Мисајловски се осврна на инвестициите од преку 800 милиони евра, автопатите Демир Капија-Смоквица, Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

-Го работиме и Велес-Кадрифаково. Следната година започнуваме со неколку експресни патишта Штип-Радовиш, Штип-Кочани а веќе заврши тендерот за Кочани-Делчево, реконструкција вредна околу 6 милиони евра и 10 км реконструкција и рехабилитација на тој пат. Веќе го реконструиравме патот Скопје-Велес, а за 10-15 дена ќе имаме и свечено отворање на овој пат, истакна Мисајловски.

Министерот истакна дека при крај е потпишувањето договор за Прилеп-Градско кој ќе биде експресен пат, поделен во три фази, а се работи за инвестиција од преку 30 милиони евра.

-Го започнавме и Битола-Ресен-Буково и станува збор за целосна рехабилитација и реконструкција. Од Скопје кон Охрид го работиме најголемиот автопат, автопатот Кичево-Охрид, инвестиција од преку 400 милиони евра, но не завршуваме само до Охрид, ќе правиме и експресен пат од Охрид до Пештани, односно до Св. Наум, подвлече Мисајловски.

Министерот се осврна и на патот Ново Село-Маврово, како и Бошков мост-Дебар и Мелнички мост-Центар Жупа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top