| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на ПОЦ од јулската плата му подарил врвки на Жерновски

Директорот на Паркинзите во Центар, Саша Богдановиќ, на свечена церемонија на која биле нововработените среќници во општината, му го предаде подарокот- изненадување, врвките за чевли на градоначалникот Андреј Жерновски. Упатените за „Двоглед“ посочуваат дека Богдановиќ за Жерновски несебично одвоил од личниот буџет од јулската плата.

pocbarokk44-480x318-Сакам со овој мој скромен придонес, во услови на растење на приходите на ПОЦ, а со тоа и на општинскиот буџет, наменет пред се за вдомување на наши соборци, симболично да Ви се заблагодарам за личното покондурување. Во овие тешки мигови на битисување, ние, ПОЦ и Општина Центар, меѓусебно сме поврзани во нераскинлив синџир на вработување, одработување и обработување на личните цели. Ви посакувам овие врвки со гордост да ги шетате низ Боемската улица, најголемиот долготраен Ваш личен успех – порача Богдановиќ.

konduriteeeeeИзвори блиски до Боемската улица посочуваат дека Жерновски веднаш купил соодветни чевли на кои ги аплицирал врвките- подарок.

Бидејќи носењето чевли со врвки е новина и изненадување за него, од неговиот кабинет морале да го потсетат како се врзуваат врвки, а потоа успешната проба Жерновски мораше да ја сподели преку омилените социјални мрежи.

konduriteeeee 2Оние кои го познаваат карактерот на градоначалникот додаваат дека овој чекор и обзирност од Богдановиќ никогаш нема да биде заборавен или одминат без надомест.

Петел Бодичек

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top