Актуелниот европски првак Барселона во осминафиналето од ЛШ ќе игра против Арсенал, а директорот на клубот, Алберт Солер е задоволен од ждрепката.
Тој очекува два суперинтересни меча во кој фудбалските фанови ќе уживаат, затоа што Барса и Арсенал играат ист тип на фудбал – отворен и напаѓачки.
– Арсенал и Барселона имаат ист стил на игра. Фудбалските фанови ќе ужуваат, затоа што ќе гледаат два меча на тимови кои имаат исто гледиште на фудбалската игра и играат напаѓачки фудбал. Имаме максимална почит кон Арсенал. Тие се одличен тим и очекувам два тешки меча. Но, едно е загарантирано – нѐ чека спектакл! – изјави Солер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.