Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека трпението на Анкара кон Русија има граници, по претераната реакција на Москва во врска со инцидентот во Егејското Море во текот на викендот.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека екипажот на рускиот стражарски брод „Сметливиј“, морал да отвори предупредувачки оган во Егејското Море, за да го истера турскиот рибарски брод, со цел да се избегне судир.
Нашиот брод беше само рибарски, ми се чини дека реакцијата на рускиот воен брод беше претерана. Русија и Турција несомнено треба да ги обноват односите на доверба кои секогаш сме ги имале, но нашето трпение има граници, истакнува Чавушоглу пред италијанското издание „Кориере дела сера“.
Турскиот министер за надворешни работи додаде дека Русија се поставила во смешна ситуација по обвинувањата на претседателот Владимир Путин, дека Турција го урнала рускиот авион Су-24, за да си го заштити снабдувањето со нафта од Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.