| четврток, 6 декември 2018 |

Меси: Нема потреба на глас да ја пеам химната за докажам колку голем Аргентинец сум

lionel mesi

Најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси кој секогаш кога можел и не бил спречен поради повреда, настапувал за својата земја, Аргентина. Тој пред медиумите во неговата земја проговори за тоа дека веќе му е смачено да го оцрнуваат него и неговите соиграчи од репрезентацијата дека не се залагаат за националниот дрес. Тој беше критикуван и за тоа што не ја пее националната химна пред настапите за својата земја.

– Ми се смачи веќе од анализите дека репрезентативците на Аргентина не го даваат својот максимум кога играат за националниот тим. Како е тоа можно, кога на двете последни големи натпреварувања игравме во финалето. И точно е дека два пати загубивме, но загубивме од големи селекции. На СП во Бразил загубивме од Германија, која во своите редови има фантастични фудбалери. Имавме шанси и за победа, но таков е фудбалот. На Копа Америка загубивме на пенали од Чиле. Што да се прави, еден мора да победи, таква игра е фудбалот. Но, навистина ми се смачи од критиките кои се без основа. Ме обвинуваат и дека не пеам на глас кога се интонира химната. И понатаму нема да ја слушнете од мене химната на Аргентина, не морам да пеам, за да ја чувствувам и да се гордеам со неа – изјави Лионел Меси за медиумите во својата родна земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top