Сите, а особено младите, секојдневно пијат газирани напивки, а не размислуваат колку тоа е штетно по нивното здравје. Научниците од Универзитетот во Калифорнија неодамна соопштија дека лицата кои дневно пијат по две козерви газиран напиток, стареат побрзо од оние кои не консумираат вакви пијалоци.
Причина за забрзаното стареење се промените на ДНК предизвикани од супстанции од газираните пијалоци, а во просек ваквите лица изгледаат дури 4,6 години постари отколку што се.
Научниците утврдиле дека кај жените кои пијат три или повеќе конзерви газирани пијалоци неделно, постои голема веројатност од заболување на рак на дојка, поради зголемување на густината на градите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.