Кардиолозите се меѓу најосвестените луѓе кога е во прашање храната која може позитивно или негативно да влијае на здравјето на срцето и на севкупниот организам. Токму затоа добро е да се преземе некој совет од нивното мени и да се следат нивните прехранбени препораки.
1. Црвено месо
2. Преработени месни производи
– Дефинитивно стојам подалеку од преработените месни производи како сланината, виршлите и другите производи кои имаат голема количина сол и конзерванси – вели д-р Џенифер Хајте, професорка по медицина на универзитетот Колумбија во Њујорк.
Со неа се согласува и д-р Нина Голдберг, директорката на женскиот здравствен центар Џоан Х. Тиш, која ги смета за лоши и саламите од мисирка поради истата причина.
– Ако сакате да јадете сендвич со мисиркино месо, испечете парче мисиркино месо и ставете го помеѓу две парчиња леб – вели Голдберг.
3. Слатките печива и колачи од лисесто тесто
– Овој вид производи содржат многу шеќер и хидрогенизирани масти, а немаат речиси никаква хранлива вредност. Слатките печива и колачи од лисесто тесто го зголемуваат нивото на лошиот холестерол. Шеќерот може да го наруши работењето на црниот дроб, да предизвика инсулинска резистенција и метаболички нарушувања, како дијабетес тип 2. Дали печивото од пекарница е вредно на ризикот? – се прашува д-р Адам Сплавер.
4. Храна која содржи премногу млечни масти
– Се обидувам да избегнувам тешка храна со многу заситени масти, млеко, павлака или сладоледи со голема количина масти – вели д-р Роберт Клонер.
Доктор Роналд Ј. Шиб вели дека ја избегнува кремастата храна со додаток на маргарин и путер, и колку и да го сака, стои понастрана од сирењето.
5: Газирани пијалаци
– Пиењето на газирани пијалаци може да има сериозни последици на организмот. Таквите пијалаци го зголемуваат растот на инсулинот, што доведува до зголемување на тежината и може да предизвика разни метаболички нарушувања. Покрај шеќерот, ваквите пијалаци содржат и фосфорна киселина која ја поттикнува остеопорозата. Ништо подобри не се ниту диеталните газирани пијалаци, а неодамнешната студија потврдила дека и тие можат да предизвикаат дебелеење – рекол кардиологот Адам Сплавер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.