| четврток, 6 декември 2018 |

Руски и турски воени експерти на заеднички летови

nabljudvacki avionРуски воени инспектори ќе извршуваат набљудувачки летови над територијата на Турција во рамки на Договорот за отворено небо, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Во рамки на спроведување на меѓународниот Договор за отворено небо група руски инспектори планираат да извршуваат набљудуваки летови со руски авион „Ан-30Б“ на територијата на Турција. Набљудувачките летови ќе бидат извршувани во период меѓу 14 и 18 декември 2015 година од аеродромот Ерзурум со максимален дострел од 1.500 километри, изјави  началникот на националниот Центар за намалување на нуклеарната опасност, Сергеј Рижков.

Според него летовите ќе бидат извршувани по маршрута, која ќе биде усогласена со Турција и во авионот ќе има и турски експерти, кои ќе го контролираат извршувањето на набљудувањето и ќе го следат почитувањето на договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top