| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов ги лаже сите, а и самиот себе

„Професорот” Ѓорги Спасов од агенцијата „Рејтинг“ очигледно е во интелектуален нокдаун и почна дури да ја обвинува и највлијателната светска агенција за разни истражувања „Брима Галуп“ дека лаже.

 

Имено , во својата колумна, која веднаш е пренесена од соросовите портали, Спасов вели дека минатата анкета на „Брима Галуп“ и ИРИ била правена во ист термин како и оваа последната на „Брима Галуп“, односно се прашува како и минатата и оваа се правени во ист период од 29 октомври до 5 ноември?

Но, очигледно професорот кој и самиот има агенција за мерење рејтинзи, или е “гроги“, или сака повторно, како во минатото, да им ја престави на своите СДСМ, оваа за нив црна вистина како розова. Но, ајде на страна што го потценуваат македонскиот народ, туку сега го потценуваат и Гугл.

Спасов требало само да прогугла низ интернетот, и на пример на нивниот портал НОВА ќе најде дека последната анкета на ИРИ и Брима Галуп е  “спроведена од 29 септември до 5 октомври годинава од страна на „Брима“, агенција за истражување со седиште во Скопје, во соработка со Центарот за анкетни истражувања на ИРИ, лице в лице”. Епа професоре, се чини време е за пензија?!

novatv-brima

Инаку, Спасов во јавноста е познат по енговите тотално промашени анкети. Да потсетиме, „Рејтинг“ на Спасов на последните претседателски избори прогнозираше победа на опозицискиот кандидат Стево Пендаровски, но тој сепак загуби убедливо од Ѓорге Иванов.

Потоа следеше скандалот од кој се виде дека „Рејтинг“ во јавноста пушта набилдани анкети и погрешни бројки во корист на СДСМ и дека ќе ги загуби изборите со огромна разлика лидерот на СДСМ Зоран Заев знаел и пред истите да се реализираат.

Анкетата којa за внатрепартиски потреби непосредно пред изборите ја изготвила агенцијата „Рејтинг“ на Спасов покажува дека актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов убедливо води пред Стево Пендаровски.

Но тука не завршуваат промашените анкети на Спасов. Непосредно пред референдумот за ГТЦ, „Рејтинг“ излезе со анкета според која дури 83% од граѓаните на Центар ќе гласале за тоа ГТЦ да го задржи автентичниот излед. Но, одржаниот референдум покажа дека анкетата на Спасов е целосно промашена. Огромното мнозинство на граѓани не ја поддржа иницијативата на Жерновски и СДСМ, дури 60% од граѓаните се одлучија воопшто да не излезат и гласаат.

Зошто професоре Спасов не седнете и не направите една анкета за вашата партија и вашите сопартијци  па макар и набилдана како и сите досегашни, да се потпишете да стоите зад тие бројки и да ја објавите. Па на 24 април народот ќе каже и сите граѓани ќе видат дали греши Брима Галуп или Рејтинг. Но како и секогаш само на Фејсбук коментирате, а соросовите портали ќе ве пренесат и на тоа ќе заврши како и многу пати до сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top