Заради модернизација на далеководите, Охрид викендов ќе остане без електрична енергија. Реконструкцијата на електричната мрежа ќе се врши в сабота, 13 април, од 8 часот до 16 часот, и в недела од 8 часот до 18 часот.
Без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од трафостаниците од кои „ЕВН Македонија“ ги снабдува потрошувачите од овој реон.
Според известувањето од МЕПСО, прекините се заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.