| четврток, 6 декември 2018 |

Детската клиника во Козле доби нов модерен објект (фотогалерија)

Заврши еден од крупните проекти во здравството. Детската клиника во Козле по 3 години интензивни градежни активности денеска и официјално е пуштена во употреба.

На отворањето присуствува Премиерот Никола Груевски заедно со Министерот за здравство Никола Тодоров.  Отсега децата со белодробни и респираторни заболувања ќе се лечат во новата модерна зграда која ги исполнува сите светски стандарди.

Објектот, вреден 8 милиони евра се простира на 6.500 метри квадратни и е комплетно опремена установа со еднокреветни и двокреветни соби за мајките и децата во кои ќе има целосна климатизација, тоалет во секоја просторија, широки ходници со пултови за медицинските сестри. Новата инфраструктура на болницата ќе овозможи повисок стандард на здравствени услуги, велат надлежните.

Досега институтот работеше во стари бараки, изградени после земјотресот како донација од кралството Шведска.

kozle-2

kozle-1

z10

z9

kozle-10

kozle-10

kozle-9

kozle-8

kozle-7

kozle-6

kozle-5

kozle-4

kozle-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top