Писателката Исидора Бјелица вчера го прослави 48-от роденден. Признава дека е пресреќна што е жива, иако долго време се бори со ракот, поради кој, како што самата вели, четири пати била на работ на смртта.
-Пријателката буквално ме киднапира и ми приреди изненадување. На сите луѓе им посакувам здравје и среќа и да сфатат дека она што го гледаме во другите, добро или лошо, всушност е она што е во нас. Се надевам дека помалку ќе се обвинуваме едни со други, дека повеќе ќе даваме љубов и разбирање. Кога некој ќе помине низ толку многу агонии како мене, сфаќа колку енергија бадијала се троши на омраза и на осуда. Љубовта се учи низ страдање- раскажува Исидора за „Ало“, истакнувајќи која поука ја извлекла од сите лоши работи што ѝ се случиле.
-Учам веќе ниедна лоша мисла и збор да не испратам до некого и среќна сум што на мојот роденден сум жива, иако четири пати бев на работ на смртта. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите познати и непознати луѓе што ме држат со својата љубов. Среќна сум што сум жива- заклучува Исидора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
Последната порака на Милан ја леди крвта – само еден месец потоа загина со жената!
-
„Те молам немој да се размножуваш“, порака на шофершајбна која стана хит на социјалните мрежи
-
Дона Арес имаше само една желба пред смртта: Ова е нејзината последна порака