Поранешна врвна шпионка на Северна Кореја, Ким Хјун Хи, вели дека најновите закани на Пјонгјанг се само обиди да се добие поддршка за новиот лидер Ким Јонг Ун.
– Тој е премлад и неискусен. Се бори да преземе контрола над војската и да ја добие нивната верност. Поради тоа, посетува воени бази, за да ја зацврсти нивната поддршка – вели поранешната терористка.
Таа додава дека постојат добри причини зошто Северна Кореја се заканува со нуклеарна војна.
– Ја користи нуклеарната програма за да ги држи луѓето под контрола и да добие некои отстапки од САД – вели Хи.
Педесет и едногодишната поранешна терористка е уапсена во Бахреин во 1987 година откако подметнала бомба во авион во Јужна Кореја, при што загинаа 115 патници. Нејзиниот колега се самоубил откако испил капсула со цијанид, но тогаш младата шпионка не успеала да го стори тоа. Хи се спасила од смртна казна, а денеска живее со своето семејство во страв дека агенти од Северна Кореја ќе се обидат да ја убијат за да спречат да изнесува доверливи информации за сталинистичката држава на која некогаш верно ѝ служела.
Таа вели дека порано го сметала водачот на земјата за Бог, но потоа сфатила дека Северна Кореја не е држава, туку секта.
– Мислев дека нашиот водач Ким Ил Сунг е всушност Бог. Научени сме да го ставаме него пред своите родители. Од мали нозе научени сме да говориме: Ти благодариме голем водачу на сѐ! И ако кажеш нешто погрешно, дури и ако кажен ненамерно, можеш да завршиш во логор. Северна Кореја не е држава, тоа е секта – вели Хи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иран уапси шпиони во владата
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса


