Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека таблата на автопатот од „Коридорот 10“ со ознаката „ПЈРМ“ ќе остане и дека „не гледа причини за забелешки од Скопје“.
– На нив сега им пречи таблата, а нам не треба да ни пречи тоа што во УНЕСКО гласаа за прием на Косово, изјави Дачиќ за „Вечерње новости“.
Пред неколку дена српските власти на автопатот од „Коридорот 10“ на делницата во изградба од Владичин Хан до Доњи Нерадовац, поставија табла со патоказ кон границата со Македонија на која пишува „граница со ПЈРМ’.
Во врска со поставената табла, македонското Министерство за надворешни работи и врачи устен демарш на српската амбасадорка во Скопје, нагласувајќи при тоа дека Србија ја признала Македонија под уставното име.
– Точно е дека Србија ја признава Македонија под тоа име, за разлика од европските земји, но тоа е направено во времето на Милошевиќ во 90-те година (на минатиот век), изјави Дачиќ.
Според него, време е Србија „да престане да работи против своите интереси“.
– Македонија ја призна независноста на Косово, а сега и пречи некаков натпис. Несфатливо е поголем пријател да ни биде една Индонезија, од некои соседни земји, речи Дачиќ.
Македонија беше меѓу 92-те земји, кои на почетокот на ноември на Генералната конференција на УНЕСКО, гласаа за прием на Косово во оваа организација.
Дачиќ тогаш изјави дека е Белград е „разочаран, но не и изненаден со одлуката на некои соседни земји“, додавајќи дека таквата постапка е против националните интереси на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.