Денеска Државна лотарија на Македонија додели уште два нови автомобила од семејството на инстант лотаријата. Александар Миовски од Богданци замина со нов автомобил „Рено Твинго“ изгребан на лозот Твингоманија, а Гоце Илиески од Прилеп со новиот „Голф 7“ од инстант лозот „7-ма брзина“.
Покрај овие два автомобила на платото покрај картингот беше паркиран и автомобилот „Фолксваген Пасат“ кој беше неодамна доделен на Ирена Стојанова од Скопје. Клучевите од автомобилите ги доделија генералниот директор на Државна лотарија на Македонија – Владимир Бахчовановски и генералниот директор на Државна видеолотарија на Македонија – Дане Кузмановски.
– Атрактивниот автомобил „Фолксваген Пасат“ кој на инстант лозот „Среќни тркала“ го изгреба Ирена Стојанова од Скопје, веќе е опремен и со сет зимски гуми – подарок од „Мотоцентар“, чиј бренд амбасадор го збогати денешниот настан со вртење на првиот почесен круг на картинг патеката“ се вели во соопштението на Лотаријата.
Од страна на Државна лотарија на Македонија, пред крајот на петтата година од приредувањето игри на среќа, се потенцираше несмалениот интерес на играчите за играта „НовоЛото 7/34“ и игрите под чадорот на инстант лотаријата.
– 2015 ја одбележаа голем број постигнати добивки, меѓу кои четири премии за седмица на „НовоЛото 7/34“ и бројни автомобили, скутери и парични добивки до 1.000.000,00 денари. Возниот парк на инстант лозовите брои уште 18 (осумнаесет) автомобили Рено Твинго од инстант лозот Твингоманија, 6 (шест) автомобили Фолксваген Пассат од инстант лозот Среќни тркала и 1 (еден) автомобил Голф7 од инстант лозот Седма брзина. Во паричните добивки на лозовите Детелинка, Среќни коцки и Хороскоп. Државна лотарија на Македонија ја нарече оваа 2015та година како до сега најбериќетна за играчите и најави дека се подготвени во тој дух и да ја завршат годината со уште повеќе доделени добивки во тек на преостанатите денови- пишува во соопштението на Државната лотарија на Македонија.
Најавено беше и дека се подготвува посебно празнично издание на играта на среќа „НовоЛото 7/34“ при што првпат во една емисија ќе се овозможат три извлекувања до постигнување на седумка, а за што играчите ќе можат да учествуваат со едно уплатено ливче.
Ова е со надеж дека во 2015 првпат ќе имаме пет постигнати седумки и уште еден добитник ќе влезе како нов милионер во новата 2016та година. Колото ќе се реализира на 30. декември, а уплатата за ова коло ќе почне порано, паралелно со редовните кола, за што ќе следи дополнително известување – велат од Лотарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.