Властите во Грција имаат потресни сознанија за криминални мрежи кои се занимаваат со незаконско посвојување деца, објави весникот Етнос.
Весникот тврди дека пред центрите за репродуктивно здравје членови на тие мрежи давале визит-карти со телефони на двојки без деца, ветувајќи им дека може брзо да им најдат бебе за посвојување.
Цените за таа услуга достигнувале и до 30.000 евра.
За незаконската трговија со бебиња, службите биле известени од претставник на цивилна организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.