Европската Комисија ќе започне судски процес против Германија затоа што се уште му дозволува на производителот на автомобили „Дајмлер“ во своите производи за ладењете да користи гасово што се штетни по животната средина.
Според Еврокомисијата, „Дајмлер“ во клима уредите на своите возила користи гас за ладење наречен Р-134а.
Комисијата смета дека Германија не ја спроведува директивата на ЕУ која бара користење на средства за ладење со помали штетни последици.
Компанијата „Дајмлер“ тврди дека спорниот производ. чија замена ја бара Еврокомисијата, е многу полесно запалив, што како аргумент не е прифатен ниту од германската Федерална транспортна агенција за мотори.
Доколку Германија го загуби спорот ќе се соочи со огромна парична казна од неколку милијарди евра.
Судскиот процес против Германија и „Дајмлер“ следува по големата афера со „Фолксваген“ кој се соочува со огромни казни откако беше утврдено дека вградувал софтвер кој лажно го прикажувал емитираното количество на штетни гасови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.