| четврток, 6 декември 2018 |

Сериозни критики за мајката што на децата им купила 300 подароци за Божик

2F34C9E700000578-3352684-Emma_Tapping_appeared_on_today_s_This_Morning_via_Skype_to_revea-m-1_1449673073540

Британска мајка беше подложена на сериозни критики на социјалните медиуми затоа што на своите деца за Божик им купила 300 подароци. Ема Тапинг, 27-годишна мајка на три деца, која живее на британскиот остров Ман, на „Инстаграм“ споделила фотографија од нејзината новогодишна елка, која едвај се гледа зад големиот куп подароци.
Фотографијата веднаш  стекна голема популарност на интернет, со над 50 000 споделувања и предизвика незадоволство кон мајката, која дури беше обвинета за малтретирање, преку разгалување на децата и за тоа дека погрешно го сфаќа божикниот дух.
Мајката одбива да се покае, па дури повторно ја споделува за многумина навредлива фотографија на елката и купот со подароци на својот профил на „Фејсбук“.

taem

Во текстот под фотографијата Тапинг вели дека сака да си ги разгалува деца и дека напорно работи за да може да си го дозволи тоа. Таа исто така вели дека не и е гајле што мислат другите, користејќи и неколку вулгарности, за да го изрази своето мислење.
Откако станува популарна, Тапинг е поканета во едно телевизиско шоу во Велика Британија, каде што вели дека подароците чинат вкупно 1.500 фунти (2 270 долари) и дека своите деца не ги разгалува во другото време од годината.

По телевизиското интервју, хаштагот #TooManyPresents (Премногу подароци), станува еден од најпопуларните на „Твитер“, а корисниците продолжуваат да пишуваат критики, иако има и такви кои го штитат правото на Тапинг, да купува се што ќе посака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top