| четврток, 6 декември 2018 |

Едногодишно момче родено со една рака освојува на „Инстаграм“ (фото)

11

Едногодишно момче родено без една рака забрзано привлекува обожаватели на „Инстаграм“, покажувајќи им дека ништо не може да го спречи да изгледа неодоливо. Малиот Окли им ги освои срцата на повеќе од 15.000 лица не само со својот стил, туку и со очигледната харизма.

Окли секој ден им докажува на своите родители дека телесната мана нема да го запре.

-По тоа што го видов досега, тој е многу решително мало момче и не мислам дека нешто може да го запре – рекол неговиот татко.

Четиринаесетмесечното момче обожава да позира во модерна облека, а благодарение на неговата популарност, тоа постојано добива пакети со играчки, облека, обувки и капи од различни марки. Некои од марките ги приспособуваат своите модели на раката на Окли.

Често на фотографиите на профилот на Окли се појавува и неговото едномесечно братче Хаксли.

Родителите на Оклу, Грег и Викторија, се надеваат дека нивниот син ќе живее нормален живот и дека различноста нема да му биде пречка.

– Се надевам дека никогаш нема да биде огорчен од фактот што е различен. Ништо не ме наведува да мислам дека различноста на неговиот екстремитет ќе го спречи во нешто, вели мајка му.

 

Извор: femina.mk

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top