Четиринаесетгодишно девојче од Дебар изминатите три месеци живеело во вистински пекол откако било силувано од неговиот татко.
Од полицијата денес информираат дека 48-годишниот татко на шести овој месец, во својот дом, насилно извршил обљуба врз својата 14-годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден.
-Веднаш по добивањето на пријавата, известен е Центарот за социјални работи од Дебар. Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејства се случиле повеќе пати и почнале пред три и пол месеци. По наредба на јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на оштетената – соопштуваат од СВР Охрид.
Против таткото е поднесена кривична пријава за родосквернавење, а одредена му е мерка притвор до 48 часа и е спроведен во казнено-поправната установа во Скопје.
Пријавениот е и претходно познат сторител на казнени дела и против него се поднесени кривични пријави за кривични дела насилство, предизвикување општа опасност, измама и фалсификување исправи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.