| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо повторно ќе игра за Флуминенсе

ronaldinjo

Бразилскиот фудбалски волшебник Роналдињо, кој е веќе ветеран и во последните неколку сезони многу повеќе мисли на убав ноќен живот отколку на професионален фудбал, сепак, нема да ја заврши кариерата. Тој се враќа во бразилскиот клуб Флуминенсе, од каде си замине во јули со спогодбен раскин на договорот. Роналдињо три месеци беше член на овој клуб, каде дојде по сезоната мината во мексиканскиот тим Кверетаро. Сега повторно постигнал договор за да игра во дресот на Флуминенсе на предсезонските натпревари во САД.

– Ќе патуваме во Орландо, на Флорида Куп, а со нас ќе биде и Роналдињо. Се работи за маркетиншки потег и зацврстување на нашиот бренд во Соединетите Американски Држави, а Роналдињо е голема фудбалска ѕвезда. Можеби потоа и ќе склучиме договор за новата сезона – истакна претседателот на Флуминенсе, Петер Симсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top