Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул во знак на протест против присуството на турски војници во северната ирачка провинција Ниневија, јави ТАСС.
– Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул. Сите вработени ја напуштија Турција и се вратија во Багдад – објави иранската телевизија.
На 4 декември Турција распореди околу 130 војници со тенкови и артилерија во камп на курдските борци пешмерги во Северен Ирак. Ирак бара Турција неодложно да ја отстрани војската од негова територија и соопшти дека Турција ја распоредила војската без знаење и согласност на Багдад, кој ги смета тие дејствија за непријателски акт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.