| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување за терористички напади на ИД во Турција

турцијаТурција е вознемирена по добиените предупредувања од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и турската разузнавачка служба МИТ за можни терористички напади на џихадистите од Исламска држава (ИД), изјави американски претставник во Анкара.

Како што објави турскиот весник „Хуриет“, според податоци на ЦИА и на МИТ, борци на ИД планирале напади вез американски претставништва во Турција, меѓу кои Амбасадата, конзулатите, резиденции и воени бази.

Според разузнавачките служби, петмина борци на ИД продреле на територијата на Турција.

– ЦИА ја предупреди Анкара дека самоубијции од ИД и тројца Палестинци поврзани со соборувањето на рускиот патничкии авион на Синајски Полуосторв, подготвуваат напади врз руски туристи, објави весникот „Хабертурк“.

Турското Министерство за внатрешни работи испратило циркуларно писмо до сите полициски станици да бидат внимателни поради евентуални напади.

Турската новинска агенција Анадолија истакна дека во последните три години Турција уапсила 2.627 членови на ИД, меѓу кои 837 странци.

Се проценува дека терористите од ИД стојат зад нападите во југоисточниот турски град Суруч во јули и во Анкара во октомври, при што загинаа над 100 луѓе

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top