| четврток, 6 декември 2018 |

Владата во Грција не ги демантира шпекулациите за предлозите на Нимиц

Грчката влада ниту ги демантира ниту ги потврдува шпекулациите во медиумите за понудените предлози за решение на посредникот Метју Нимиц на последната средба во Њујорк. Ова го соопшти портпаролот на грчкото МНР, Грегори Делавекурас, како одговор на прашањето на дописничката на „Канал 5“ за ставот на грчката влада географската одредница да биде пред името Македонија, а не пред Република.

– Да расчистиме веднаш, затоа што по секој брифинг медиумите почнуваат да пишуваат за разни имиња. Нути демантирам ниту потврдувам или коментирам за овие теми. Покрај тоа, јасно е дека географската одредница одредува географски регион, и, како што рековме, ние треба да постигнеме решение кое нема да биде погрешно интерпретирано – изјавил Делавекурас на денешниот брифинг.

delavekuras brifing

Грчкиот преговарач Василакис денеска се враќа во Атина, каде што ќе го извести Министерството за последните разговори и предлози на Нимиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top