| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворена неделата на Современ дански филм

Денови на современиот Дански филм во Македонија, вечерва свечено беше отворена во Кинотеката на Македонија. Манифестацијата се одржа во организација на Амбасадата на Кралството Данска и !Алкалоид“. Во присуство на бројни претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, почесниот конзул на Кралството Данска во Република Македонија, Живко Мукаетов, приреди прием во холот на Кинотеката, а потоа присутните проследија концерт и проекција на документарен дански филм.

mukaetov-so-danskiot-ambasa

Директорката на Кинотека, Мими Ѓорѓевска како добра домаќинка на амбасадотор на Данска од Белград кој специјално допатува во Скопје за оваа прилика и Живко Муакетов им го покажа депото на Кинотеката во кое се чуваат сите македонски филмови на филмска лента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top