| четврток, 6 декември 2018 |

„Етнос“: Фрапантни податоци за прикривање приходи во Грција

Финансиските власти во Грција се соочуваат со скандалозни случаи за непријавени приходи кај луѓе кои не сакале да плаќаат даноци. Најинтересен е случајот со сопственик на кафеана кој затаил три милиони евра приходи, објави весникот Етнос.

Од септември до ноември даночните инспектори проверувале сметки на лекари, адвокати, фармери, претприемачи, па дури и пензионери откако по проверка на нивните банкарски сметки се појавиле случаи на затајување приходи.

Проверките покажале дека сопственикот на кафеаната, на пример поднесувал даночни пресметки со лажни податоци за приходите. Со таквите пресметки тој успеал да прикрие данок што треба да го плати за државата за приходи од над три милиони евра. Адвокат исто така затаил приходи во висина од над два милиона евра, додека пензионер не пријавил приходи од над два милиона евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top