| четврток, 6 декември 2018 |

Изгореле и пари во пожарот во „Македонски пошти“

Во пожарот во „Македонски пошти“ изгореле околу 250 евра, а се уште не се знае колку е вкупната материјална штета

posta_3Кусок од 15.206 денари, или 247 евра, констатирала Комисијата за попис на паричните средства по извршениот попис во централата на „Македонски пошти“ во која изби пожар во средата попладне опфаќајќи ја шалтер салата и покривот на објектот.
– Од благајната за менувачко работење, пред да настане пожарот биле спремени да достават 3.000 евра како дотација во Поштата 2210 Пробиштип. Пописната комисија истите ги најде делумно изгорени, неоштетениот дел од банкнотите е со сериски број – велат од кабинетот на генералниот директор.
Денеска, во дирекцијата на „Македонски пошти“ се чистеше гарежот и изгорената техника која според најавите, наскоро, треба да биде заменета со нова, за да може поштата да функционира како пред пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top