| четврток, 6 декември 2018 |

За три часа продадени 25.000 влезници за прославата на 90-от роденден на Кралицата Елизабета

За само три часа се продадени сите 25.000 влезници пуштени во продажба за свеченоста по повод 90-тиот роденден на британската кралицата Елизабета Втора. Таа ќе наполни 90 години на 21 април следната година, а Бакингемската палата во чест на овој јубилеј најавила четири дена славје во дворецот Виндзор, една од кралските резиденции надвор од Лондон.

Цените на влезниците за оваа манифестација која ќе трае од 12 до 15 мај, се движеле од 55 до 165 фунти, а купувачите на најскапите влезници ќе бидат сместени во близина на кралската лоза.

Самата кралица, како што е најавено, ќе присуствува на финалната прослава, во недеа на 15 мај. Во соопштението од Бакингамската палата се напоменува дека целокупната заработка од влезниците ќе бидат уплатени во хуманитарните организации.

Во текот на четирите вечери во дворецот Виндзор, публиката ќе може да го следи спектаклот во кој ќе учествуваат 900 коњи и 1.500 уметници, како танчари, музичари и актери од целиот свет , како и 100 свирачи на гајда. Кралицата Елизабета Втора е родена на 21 мај во 1926 година, а на тронот е од 6 фебруари 1952 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top