| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за газдите кои ќе бараат од работниците да им вратат пари од плата или од К-15

Според  измените на Кривичниот законик, до 3 години казна затвор им се заканува на газдите што ќе бараат од работниците да им вратат пари од плата или К-15, а од 6 месеци до 5 години затвор се предвидени ако работодавачот му даде отказ на работник што го пријавил или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му е побарано да врати дел од платата или други надоместоци. Според образложението на измените на Кривичниот законик, приоритетна цел е со предложениот закон да се санкционираат сите можни злоупотреби при исплатата на минималната плата, а познавачите на состојбите истакнуваат дека ваквите мерки ќе ги охрабрат сите работници да ги пријавуваат евентуалните злоупотреби на одредени работодавачи, а на институциите на системот ќе им овозможат поактивно и поефикасно да се вклучат во борбата за работничките права. Паралелно, со предвидените санкции за евентуални неправилности  во работењето, полесно ќе може да се извојува победа во борбата за заштита на работничките права, минималната плата и на соијално-економската сигурност на работниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top