| четврток, 6 декември 2018 |

Јиха успешно опериран, ќе се врати на терените по три месеци

Бекот на Барселона и чешката ракометна репрезентација, десноракиот бомбардер Филип Јиха успешно е опериран во болницата Велингтон во Лондон за да му биде санирана повредата на препоните што ја заработе на првиот меч со Вардар во Лигата на шампионите во „Палау Блауграна“. По оперативниот зафат, чешкиот репрезентативец во наредните два и пол месеци ќе биде надвор од терен.
Според овие прогнози, Филип Јиха ќе ги пропушти дуелите против Монпелје и ПИК Сегед, во продолжението од групната фаза од ЛШ во февруари.
Јиха дојде во Барселона од Кил како замена за Никола Карабатиќ кој се пресели во ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top