Над 5.000 лица во 2015 година се вработени со мерките за вработување, односно преку обуките, субвенционираното вработувањето и услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување на Република Македонија, изјави дополнителниот заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по денешната посета на СЕМОС центарот за едукација, каде се спроведуваат обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица.
Спасов додаде дека 2.000 лица од нив се вработени преку различните видови обуки кои ги реализира АВРМ во соработка со приватни провајдери кои ги обезбедуваат обуките, а околу 3.000 лица се вработени преку услугите кои ги нуди АВРМ, како што е посредување при вработување, профилирање, професионална ориентација, мотивациски обуки…
- По завршувањето на шестмесечните обуки во СЕМОС центарот околу 270 невработени лица ќе добијат меѓународно признат сертификат за завршени обуки за напредни ИТ вештини за програмирање за Докнет, Кад и за Јава – рече Спасов.
За оваа намена, нагласи, обезбедни се околу 22 милиона денари. -Во текот на оваа година обезбедивме околу шест милиони денари за обуки на 1.000 лица за основни компјутерски вештини и за изучување странски јазик за околу 1.000 невработени лица – истакна Спасов.
Во оваа пригода најави дека и во 2016 година ќе продолжат мерките од Оперативниот план за вработување што ќе допринесе за намалување на невработеноста.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски изајви дела со овие обуки се затвора кругот од 270 лица кои се обучуваат.
Поповски најави дека за две недели ќе биде пуштен уште еден оглас од АВРМ за невработените лица кои се под една година на евиденција, а сакаат да слушаат обуки за Јава или Докнет.
- Заинтересираните ќе можат да аплицираат во Агенцијата, со тоа што огласот ќе трае 10 работни дена и на крајот ќе има тестирање за оној кој е најдобар да биде обучен за Јава или Докнет – рече Поповски.
Директорот на АВРМ изрази надеж дека сите лица кои посетуваат обука, како и оние кои ќе
бидат на обука во наредниот период, по завршувањето на обуката и сертификацијата ќе најдат соодветно работно место во компаниите кои влегуваат во Македонија или можеби, како што рече, дел од нив ќе се осмелат сами да отворат сопствена компанија.
Директорката на СЕМОС едукација Валентина Тасева нагласи дека обуките кои се спроведуваат кај нив се официјални, меѓународно признаени и се спроведуваат на ист начи како во Англија, Јапонија и каде било на друго место во светот.
Со оваа мерка бројот на луѓето кои работат во ИТ индустријата значително ќе се зголеми, рече Тасева. Според истражувањето спроведено во месец мај од страна на Швајцарската амбасата, како што информира таа, бројот на луѓе кои работат во ИТ индустријата е зголемен од 8.000 на 16.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.