ЦИА ги предупреди властите во Турција, дека има информации за подготовки на терористички напади врз руски туристи и како сторители посочува тројца државјани на Палестина, пишува весникот „Хабер Турк“.
Според разузнавањето, сторителите се веќе во Турција, но самите напади најверојатно се планирани за подоцнежни датуми.
Американските тајни служби сметаат дека тројцата палестинци може да се вмешани и во поставувањето на бомбата, која го урна рускиот А321 над Синај. Ова сепак не е докажано, бидејќи истрагата уште не е завршена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.