Вчера попладне околу 17.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на с.Требениште се случи сообраќајна незгода во која М.Ш.(42) од Охрид управувајќи патничко возило „рено“ удри во пешакот Јонче.Ј.(64) од с.Требениште, кој е пренесен во Медицинскиот центар Охрид каде била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.